Виктор Радевски од Куманово освои сребрени медали на регионален гастрономски натпревар (ФОТО)
VIP 

Виктор Радевски од Куманово се закити со два сребрени медали на најголемиот регионален гастрономски натпревар кој се одржа во Брач, Хрватска.

Радевски кој работи во Комплексот Етно село Тимчевски, под менторство на Асан Даутовиќ, освои два сребрени медали во категоријата „келнер” со послужување на вино, подготовка на тартар бифтек и филетирање на риба.

На настанот под име „Бисер Мора“ ШКМЕР 2023 на островот Супетар во храватски Брач, Радевски учествуваше во екипата Гастромак чиј претседател е пејачката Адријана Алачки.

Екипата се врати со два златни медала, четири сребра и еден бронзен медал.

Влатко Алексоски во категоријата „карвинг” го освои златниот медал на темата ,,My Thai”, а со повеќе награди се вратија и учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“.

На настанот учествуваа претставници од угостителската дејност од Србија, Албанија, Црна Гора и Косово при што се претставија над 300 кандидати и судии.

Izvor: kumanovskimuabeti.mk

News Reporter
Advertisements
Verified by MonsterInsights