ВИКТОР ЃОРЃИЕВ И НЕГОВИОТ ПОСАВСКИ ГОНИЧ СЕ ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ!


БРАВО ШАМПИОНИ!


Виктор Ѓоргиев од Пробиштип, веќе подолг период од неговиот живот го има посветено на одгледување на ловечки кучиња од расата Посавски гонич. Со многу макотрпна работа успеа да го достигне сонот на секој одгледувач на ловечки кучиња, а тоа е да победи на Европско првенство во работа на зајак, кое се одржа во Серес Грција. -Да чуваш ловечко куче, не значи само добро да го храниш и да го водиш во лов, туку е потребно многу време да поминеш на терен и добро да го тренираш и дресираш, вели Виктор. Чувството беше неверојатно, да успееш да победиш држави како што се Италија,Швајцарија,Франција и многу други е тешка задача, но реална! Од срце посакувам тоа чувство да го почувствува секој одгледувач, потенцираше Виктор! Инаку Виктор е член на Македонскиот клуб за ловна кинологија и член на Комитетот за ловна кинологија при Ловечката Федерација на Македонија.