Kреативни рачни изработки кои совршено ќе се вклопат во секое катче

Најинтересните дизајни кои беа дел од профилите на речиси сите наши најпопуларни инстаграмџии се најдоа и на нашиот сајт, кои беа хит оваа сезона.

TexturedART e уметничко студио кое е создадено во 2022 год.Истото се занимава со изработка на текстурирана 3Д уметност која освен што може да се визуелизира истата може и да се почуствува.

Сликите, огледалата и останатиот креативен асортиман се целосно рачно изработени и може да се персонализираат по нарачка. Рамките се изработени од високо квалитетно мазно дрво со дебелина од 2.5-3цм и со димензија по специфични барања на клиентите.
Платното кое е поставено на рамот е од високо квалитетен памук. Уметностa е изработена од структурна паста и акрилни бои во комбинација со специфични уметнички техники кои презентираат минималистички,чист и модерен стил.

Минимализмот во уметноста е доста популарен и познат во светски размери, а конечно зема замав и кај нас.

Моментално кај нашата Space Niche Инстаграмџика @astro_Smarta забележавме како ги шерува Moon Mirrors oдносно огледалата со рејлеф на Месечината, па предвестиме претчуство за извесна соработка.

Texturedart постои за своите клиенти и љубители на 3Д уметноста кои своите уметнички фантазии и детали ги искажуваат пред нас, а ние истите ги реализираме за нив .

Изработките може да ги нарачате со клик тука на инстаграм профилот на TexturedArt или со клик тука на нивната Фејсбук страница.

Кој е вашиот фаворит од галеријата на TedxturedArt